Повеќе од 14 милиони денари или околу 238.000 евра од општинскиот буџет биле издвоени изминативе десет месеци за изградба, реконтрукција и асфалтирање на улици во општина Гевгелија.
Од општината посочија дека 6,8 милиони денари биле потрошени за обновување на асфалтот на десетина улици при што биле покриени со нов асфалт 11.217 метри квадратни улична површина во градот Гевгелија и населените места Миравци, Негорци и Богородица.
Во истиот период од годината, за изградба на нови улици во должина од 487 метри и површина од 3.100 метри квадратни општината потрошила 3,2 милиони денари, додека за бетонирање на улици и краци со вкупна површина од 4.632 метри квадратни биле инвестирани 3,8 милиони денари.
Покрај ова, во меѓувреме се асфалтирани влезовите на селата Мрзенци, Негорци и Милетково, а од денеска почнува и акцијата за пополнување на уличните дупки во Гевгелија.