Утврдено е дека цената на лебот, што е опфатен со владината одлука, е 33 денари, онаму каде што го има, истакна Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во вечерашното издание на „Топ тема“ на телевизија Телма, наведувајќи дека во текот на денешниот ден, досега, извршени се 189 инспекциски надзори низ земјава.
– Граѓаните се максимално заштитени од ДПИ, а ова го напоменувам бидејќи кај некои трговци е констатирано дека на рафтовите нема леб кој е опфатен со одлуката. Но, ние не сме надлежни да утврдиме зошто го нема лебот – вели Котели.
Одлуката на Владата за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари стапи на сила од ноќеска и наиде на револт на производителите кои се заканија дека нема да произведуваат и дистрибуираат леб во маркетите.