Беспилотно летало се урна денеска во село во московската област, изјави локалниот гувернер, прецизирајќи дека направата најверојатно била насочена кон цивилна инфраструктура.
Руските власти денеска соопштија за неколку соборени украински беспилотни летала на територијата на Русија.
-Нема жртви ниту разурнувања на теренот – изјави гувернерот Андреј Ворбојов преку Телеграм, наведувајќи дека дронот се урнал во близина на градот Губаково, на околу 100 километри југоисточно од Москва.
Москва денеска соопшти дека во текот на ноќта соборила две украински беспилотни летала кои биле насочени кон цивилна инфраструктура на југот на Русија.
-Киевскиот режим се обиде со две беспилотни летала да ги нападне локациите на цивилната инфраструктура во Краснодарската област и во Република Адигеја – соопшти руското Министерство за одбрана.
Министерството додаде дека двете беспилотни летала се „неутрализирани“ и дека не е предизвикана штета.