Американскиот претседател Доналд Трамп ги најави новите економски санкции преку фотомонтажа инспирирана од популарната телевизиска серија „Игра на тронови“, што привлече големо внимание во јавноста, пренесува британски „Индепендент“.
Трамп неодамна објави фотографија со пораката „Санкциите доаѓаат на 5 ноември“, на Твитер, што алудира на слоганот од серијата „Зимата доаѓа“.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 2, 2018
За многумина, ова е најбизарниот твит на Трамп, кој предизвика лавина негативни коментари и исмејување на социјалните мрежи. Сè уште не е познато зошто американскиот претседател ја покренува новата кампања на економски санкции „со помош“ на популарната телевизиска серија.