Западот сè уште не покажува подготвеност за мировни иницијативи за ситуацијата во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за телевизијата „Росија 1“.
– Засега колективниот Запад не е подготвен ниту отворен за мировни иницијативи – рече тој.
Тој смета дека идејата на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко за разговорите меѓу рускиот и американскиот лидер Владимир Путин и Џозеф Бајден тешко дека ќе добие поддршка на Запад.