Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека Украина има навистина добри шанси да преземе иницијатива на бојното поле.
– Мислам дека ќе имаат добри шанси да направат значајна разлика на бојното поле и да ја воспостават иницијативата. И тие ќе можат да ја искористат таа иницијатива за да продолжат напред – изјави Остин по состанокот со министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Тој наведе дека за НАТО ќе обезбеди обука на украинските војници за секој испратен вооружен систем.
– Ние сме многу фокусирани на обезбедување не само на платформите за оружје, туку и на обуката потребна за ефикасно користење на новото оружје – посочи Остин.