Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС-пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија.
Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји во периодот од 10 февруари до 20 февруари.
На овој начин роднините на афектираните лица ќе можат полесно да бидат во
контакт со нив. Дополнително, вака им се дава поддршка и на лицата коишто
обезбедуваат помош на лице место.
Граѓаните можат да ја изразат својата солидарност со донација од 100 денари
на бројот 143 400, отворен во соработка со Црвениот Крст.