Фото: М.М.

Во овие мигови, кога нашите пријатели се соочуваат со големите последици од оваа природна катастрофа, подготвени сме да дадеме помош и поддршка од хуманитарен и спасувачки карактер – се наведува во соопштението од Општина Битола изразувајќи длабоко сочувство до семејствата на загинатите во земјотресите кои ги погодија Турција и Сирија

Тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со пет членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а од општината соопштија дека доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси.

-Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби, потенцираат од Општина Битола.

М.М.