Домување

Трикот за чистење што стана хит на Тикток изненади многумина и откри дека дамките од бигор на чешмите можете да ги исчистите со помош на хартија за печење.
Социјалните медиуми, а особено Тикток, можат да бидат одличен извор на совети и трикови што ќе ви помогнат лесно да го исчистите вашиот дом. Еден од најновите трикови што брзо станаа популарни е оној што сугерира користење хартија за печење за отстранување на дамките од бигор на славините.
Едно од најгледаните видеа е она на Сидни Раз, тиктокер, кој вели дека ова е нешто што не го знаел додека не наполнил 30 години. Решил да го испроба трикот и да сними ако дејствува. Зеде парче хартија за печење и почна да го користи за да ги отстранува дамките од бигор од славината. Тој беше воодушевен од исходот, а трикот резултираше со неверојатно сјајна чешма.
Други корисници на Тикток одлучија да го испробаат истиот трик, со кој се препорачува користење хартија за чистење на славините, и беа шокирани од резултатите, со оглед на тоа колку може да бидат тврдокорни дамките од бигор.
Во коментарите беа препорачани и некои други методи, како на пример користење само сува крпа. Исто така, имаше и трикови за други површини, на пример се препорачува филтер за кафе за отстранување дамки од прозорци и огледала.