САД и Израел денеска започнаа заеднички воени вежби во кои учествуваат илјадници војници, десетина бродови и 142 авиони, вклучително и бомбардери со нуклеарно оружје.
Вежбите ќе траат до петок, а целта е да се продлабочи воената соработка меѓу армијата на САД и Израел, изјави висок американски воен претставник, додавајќи дека тоа е најзначајната воена вежба меѓу двете земји досега.
Неименуван американски функционер рече дека на вежбите нема да има макети на ирански цели и дека тие не се замислени како подготовка против некој конкретен противник.
Планирањето на вежбите започна пред неколку месеци, пред израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно да ја преземе челната функција.