Иако се наоѓа на повисока надморска височина (695 метри) од повеќето градови во Македонија, оваа зима во Охрид нема снег. Забелени се само врвовите на Галичица.
Затоа во Варош старите куќи се смеат, мирот на зајдисонце и лебедите се вечен украс на езерото. На налетите на ветрот одолеваат и галебите.
И кога ветрот го разбранува езерото, охриѓани не престануваат со активностите надвор. И туристите не се плашат малку да се намократ за добра фотографија.