Италијанската премиерка Џорџија Мелони и нејзиниот јапонски колега Фумио Кишида се согласија да ја зајакнат соработката меѓу двете земји во повеќе области, вклучително и економијата, трговијата и безбедноста, италијанските медиуми, повикувајќи се на изјава на лидерите.
– Се договоривме да го подигнеме нивото на билатералните врски до стратешко партнерство – рече Мелони во кратката изјава за новинарите по средбата во Рим.
Според Кишида, меѓу областите на зајакната соработка ќе бидат дипломатијата, инвестициите, железницата и киното.
– Покрај обезбедувањето целосна поддршка за Украина, сакаме да работиме заедно со јапонското претседателство (со Г-7) на некои приоритети предложени од Јапонија, како што се заштита на меѓународниот поредок заснован на правила, зајакнување на економската безбедност, заштита на синџирите на испорака и зајакнување на борбата против климатските промени – додаде Мелони.