Фото: Игор Бансколиев

КОШАРКА – НБА

Оклахома забележа импресивна победа во кошаркарската НБА-лига, откако го победи лидерот во Источната конференција, Бостон, постигнувајќи дури 150 поени, а примајќи 117. Овие 150 поени претставуваат и рекорд на Оклахома, откако клубот е преселен од Сиетл. Оклахома, која играше без својот водечки стрелец сезонава, Шаи Гилгес-Александер, до убедливиот триумф беше предводена од Џош Гидај со 25 поени, а уште четворица кошаркари постигнаа повеќе од 20 поени. Така, Лу Дорт постигна 23, а Џејлен Вилијамс, Тре Ман и Изеа Џо по 21 поен. Во тимот на Бостон најдобри беа Џејлен Браун со 29 и Џејсон Тејтум со 27 коша. Г.И.