Работите на стадионот треба да започнат во април 2019 година и да траат три години
Реал, вториот по вредност фудбалски клуб во светот (зад Манчестер јунајтед), проценет на четири милијарди долари, ја доби дозволата од градските власти за реновирање на стадионот „Сантијаго Бернабе“. Планирано е за реновирање на стадионот, кој е изграден во 1942 година и последен пат реновиран во 1982 година, за Светското првенство (СП) 1982 година, да се потрошат над 600 милиони долари. Клубот очекува по завршувањето на реконструкцијата да инкасира нови 170 милиони долари по сезона.
Новиот дизајн на стадионот ќе вклучува подвижен покрив, кој ќе се затвора кога временските услови ќе бидат лоши. Работите на стадионот треба да започнат во април 2019 година и да траат три години. Титаниумска фасада ќе го заокружи целиот екстериер, со можност за осветлување и проектирање огромни слики од моменти од блескавата историја на Реал, кој е најуспешен во Европа, со 13 шампионски титули.
Архитектонската фирма „Геркан, Марг и партнерите“ го дизајнира изгледот на новиот стадион.
– Ние се инспириравме од средновековните катедрали, со сите скулптури и слики што ги кажуваат своите приказни – вели Фолквин Марк, шефот на германската фирма.
Сегашниот трговски центар, клупската продавница и клупскиот музеј ќе се прошират, со што би требало да се зголемат и приходите.