Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е надминат прагот на алармирање поради загадениот воздух на мерните места во Центар и Лисиче.

-Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 милиграми на метар кубен во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Центар и Лисиче – се наведува во денешното соопштение од МЖСПП.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општините и до Град Скопје.

-Согласно заклучоците од записникот од 40. седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Град Скопје стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, информираат од МЖСПП.

Во сила препораките и мерките поради загадувањето: Да се ослободат од работа бремените, да нема манифестации на отворено