Од први јануари 2023 година ќе се зголеми вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63 на 75 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
-Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ. Поради тоа, зголемувањето на капитациониот бод има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава – информираат од Фондот.