Во РЕК „Битола“ утрово започнаа сервисно-ремонтни активности на Блокот 1, со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок е предвидено да трае во наредните 24 часа, соопшти АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ).
Во меѓувреме, во функција останува Блокот 2 на комбинатот.
Од АД ЕСМ најавуваат дека постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.
– Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи – наведува ЕСМ во соопштение.