Лажни се сите дојави за поставени бомби во 19 училишта во Скопје што биле доставени попладне на нивните електронски адреси.
– Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.