Американските власти обвинија пет Руси и двајца Американци за заговор за снабдување и перење пари во име на Владата во Москва.
Министерството за правда во Вашингтон соопшти дека осомничените се обиделе да добијат од американски компании технологија за воена употреба за рускиот одбранбен сектор.
Тие, исто така, се тврди дека заговориле шверц на снајперска муниција со што ги прекршиле санкциите наметнати од САД. Еден од Русите е осомничен и дека е офицер на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Засега нема коментар за случајот ниту од осомничените, ниту од руската Влада.
Тројца од групата се приведени, а четворица од Русите се уште се во бегство, јави „Би-би-си“.