Во СВР Велес вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж.
Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
– Увид на местото изврши екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – појасни Самарџиев.