ТЕНИС – ДЕЈВИС-КУП

Репрезентацијата на Австралија се пласира на своето прво финале во тенискиот Дејвис-куп од 2003 година, по победата во полуфиналето со Хрватска, со 2-1. Во синоќешното финале, Австралија за 29-та титула во тоа натпреварување играше со Канада, која беше финалист и во 2019 година и која во полуфиналето годинава ја победи Италија.
Дејвис-купот се игра од 1900 година, досега најмногу титули освои репрезентацијата на САД, 32 (има и уште 29 втори места), Австралија е втора со 28 титули (и 19 други финалиња), а потоа со по 10 трофеи се селекциите на Франција и на Велика Британија. Досега 15 репрезентации биле победници на Дејвис-купот.
Од пред две години Дејвис-купот се игра со изменет формат, а годинава финалните мечеви се играат во Малага (Шпанија).