По спектакуларната светска премиера на Саемот за автомобили во Париз во октомври, новиот PEUGEOT 408 продолжува кон неговото лансирање на почетокот на 2023 година. Следниот чекор се првите меѓународни тестови за медиумите и инфлуенсерите.
Од 14 ноември до 2 декември, PEUGEOT пречекува 550 новинари и 50 меѓународни инфлуенсери да го возат новиот 408 по сончевите, но тешки патишта во регионот Ситгес, јужно од Барселона.
За овој настан, брендот овозможи 33 PEUGEOT 408 PLUG-IN HYBRID 225 e-EAT8 опремени со plug-in хибриден мотор од 225 КС и GT изведба.
По емотивниот одговор на уникатниот дизајн на PEUGEOT 408, медиумите и инфлуенсерите ќе имаат можност да ја откријат извонредноста на моделот посветен на уживањето во возењето:
• со одлично држење на патот, во согласност со ДНК на брендот,
• хибриден мотор на полнење со високи перформанси,
• најновата генерација на PEUGEOT i-Cockpit во комбинација со компактниот управувач кој десеткратно го зголемува задоволството при возење, нудејќи агилност и прецизност.
И бидејќи задоволството оди рака под рака со ефикасноста, PEUGEOT 408 HYBRID 225 е сертифициран за просечна потрошувачка од само 1,2 l/100 km, односно само 26 g/CO2 и до 64 km опсег во 100% електричен режим (WLTP комбиниран циклус).
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија.
Соработката со Automobiles Peugeot започнува со првиот увоз на автомобили извршен во 1992 година. Моделите од големото Peugeot семејство пристигнаa во Македонија, успешно справувајќи се со сообраќајниот метеж низ градовите и елегантно издвојувајќи се од учесниците со неиздиференциран стил.
Во 2018 година, достигната е бројка од 20.000 продадени Peugeot возила во и исто толку задоволни корисници. Додека пак 2020 година е во знакот на 30 годишниот јубилеј.