Годинава Украина извезла близу 16,2 милиони тони жито, што е за 31,7 отсто помалку во однос на 23,8 милиони тони извезени во истата фаза во претходната сезона, според податоците на Министерството за земјоделство.
Извозот вклучува речиси 6,3 милиони тони пченица, 8,6 милиони тони пченка и 1,3 милиони тони јачме – објави „Ројтерс“.
По речиси шестмесечна блокада предизвикана од конфликтот во Украина, на крајот на јули беа деблокирани три украински пристаништа на Црното Море, во согласност со договорот меѓу Москва и Киев, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција.
Податоците на Министерството покажуваат дека во првите 20 дена од ноември се извезени три милиони тони разновидни житарки што е за 29,7 отсто помалку во однос на истиот период во ноември лани.