Домување

Машината за миење садови ни е голема помош во кујната, но има некои работи што никогаш не треба да ги миете во неа. Сепак, дали некогаш сте размислувале за тоа што може, а што не може да се стави во машина за миење садови. Многу домаќинки дури и несвесно ги прават овие грешки.
Дрвени штици за сечење: Дрвените штици за сечење не реагираат добро на високи температури и може да станат нерамни и неупотребливи по само едно перење.
Остри ножеви: Ножевите како што се оние за леб или месо никако не треба да се мијат во машина за миење садови, бидејќи поради високите температури можат да отапат и да станат бескорисни, а може и да ’рѓосаат.
Испукани чинии: Ако ја скршивте омилената чинија и успеавте повторно да ја залепите, не треба да ја ставате во машина за садови. Имено, ваквите чинии во машината се изложени на висок ризик повторно да се скршат.
Садови за мерење волумен: Причината за тоа е многу едноставна, бидејќи при миење мерките може многу лесно да се избришат, што го оневозможува нивното користење за намената за која се купени.