Здрава храна
Се подразбира дека она што го јадете има значително влијание врз вашето здравје и изглед. Еден начин на исхрана особено може да ви помогне да изгледате и да се чувствувате помладо. Универзитетот во Тексас докажа дека микробиомите значително влијаат на расположението и изгледот на човекот, објави списанието „Ит дис, нот дет“. Истражувањето е всушност доказ за познатата изрека „Ти си тоа што го јадеш“.
Нутриционистката Лорен Манакер рече дека медитеранската исхрана им помага на луѓето да изгледаат помладо и да се чувствуваат подобро во сопствената кожа. Зошто е тоа така? Оваа исхрана, меѓу другото, го регулира нивото на шеќерот во крвта и го намалува ризикот од дијабетес.
– Ова не е исхрана наменета за брзо слабеење. Таа првенствено спречува срцеви заболувања и рана смрт – додаде таа.
Со консумирање цели зрна, семки, јаткасти плодови, зеленчук и овошје, ќе го закрепневте вашето тело.
– Овие здрави намирници ќе го спречат оксидативниот стрес и на тој начин ќе придонесат за младешки изглед и ќе го подобрат вашето здравје – рече таа.
Медитеранската исхрана е прогласена за најдобра петта година по ред, според податоците на „УС њус енд ворлд репорт“. На второ место се најде диетата DASH, чија цел е да го намали внесувањето сол, додека третата позиција ја зазеде флекситаријанската диета, која поттикнува вегетаријанска исхрана, но е доволно флексибилна за да „дозволи“ одвреме-навреме да јадете хамбургери.