ШОЛЦ И МАКРОН МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЈДЕН СО ТРГОВСКА ВОЈНА
По јавната расправија во врска со снабдувањето со енергенти за претстојниот зимски период, Олаф Шолц и Емануел Макрон најдоа нешто заедничко – растечката заедничка загриженост за нелојалната конкуренција на САД, но и потенцијалната потреба Европа да возврати. Германскиот канцелар и францускиот претседател разговарале за пресек на заеднички прашања за двете земји за време на речиси три и полчасовниот ручек, во Париз, пред неколку дена. Тие заклучија дека американските планови за владини субвенции за поттикнување на трансферот на производството во САД имаат значително влијание на пазарот.
Според повеќе економски аналитичари, кои излегоа со свои коментари во јавноста, има многу несогласувања меѓу Париз и Берлин за клучните прашања, како што се енергијата и одбраната. Сепак, според нив, има и нешто битно што е заедничко. Двајцата, Шолц и Макрон, се согласиле дека ЕУ не може да стои настрана ако „Вашингтон продолжи со Законот за дефлација, кој вклучува даночни намалувања и енергетски стимулации за компаниите што инвестираат во САД во нејзината сегашна форма“. Конкретно, неодамна потпишаните закони во САД ги охрабруваат потрошувачите да „купуваат американски“ кога станува збор за избор на електричен автомобил – потег што е особено гаден за големите производители на автомобили во земји како Франција и Германија. Авторите заклучуваат дека ако САД не ги послушаат барањата на ЕУ, тоа може да доведе до нова трговска војна. Соединетите Американски Држави и европските земји се соочуваат со рекордна инфлација во последните децении. Воведувањето санкции против Москва и политиката на напуштање на руското гориво доведоа до зголемување на цената на горивото, пред сѐ на гасот. Како резултат на тоа, индустријата на Запад во голема мера ги загуби своите конкурентски предности, што влијаеше на другите сектори на економијата.
Подготвил: Mарјан Велевски