Во саботата се одржа уште едно издание на фестивалот „Мултикултиватор 2022“ година во организација на здружението Култи Ватор а во соработка со Младинскиот Културен Центар од Скопје.
На истиот, покрај групата Репетитор како главни гости на вечерта (Србија) поддршка за домашната свежа музичка сцена беше дадена преку настапите на групите Педро Хоризонте, Бејсмент Калт, Диџеј Сезер и Перија Саундстм сите од Скопје.
Педро Хоризонте е бенд кој постои неколку години, а постојани членови се Гога Поп Георгиевски и Петар Младеновски. Стилски се движат од реге преку поп и рок. Наскоро излегува нивниот деби студиски албум.
Бејсмент Калт е млад бенд од Скопје, локално познат по своите рок хитови како „Комбајн“ и други. Имаат неколку настапи низ клубови и фестивали низ земјава.
Диџеј Сезер е музички селектор кој претежно пушта таканаречена „ворлд“ мјузик.
„Мултикултиватор“ е фестивал кој е во мисија на поддршка на се што е свежо, домашно и авторско како музика и ќе продолжи да се случува и во следните години.
Настанот е подджан од Град Скопје.