Фото: Принт-скрин

Владата во Кишињев соопшти дека руски проектил соборен од украинската противвоздушна одбрана денеска паднал врз село во северна Молдавија. Во инцидентот нема повредени.

Министерството за внатрешни работи на таа држава соопшти дека проектилот паднал врз селото Наславчеа блиску до границата со Украина, при што биле искршени прозорци во неколку домови, но „нема жртви“.

Украина соопшти дека денеска кон државата од Русија биле истрелани „повеќе од 50“ крстосувачки ракети што резултирало со прекини на струја во неколку региони.

– Од 7 часот наутро на 31 октомври, руските окупатори извршија во неколку бранови ракетни напади врз критичната инфраструктура во Украина – соопшти украинската армија на Телеграм.

Тие додаваат дека „повеќе од 50 крстосувачки ракети X-101/X-555 беа лансирани“ од Русија.