Бројот на загинати од лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во јужниот дел на Филипините денеска се искачи на 67, соопштија официјални лица.
Претходниот биланс беше 31 жртва.
Филипините се во состојба на готовност поради тропската бура Налга, која се очекува да ја погоди земјата во сабота или недела. Метеоролозите соопштија дека обилните дождови се знак за претстојно невреме.
Околу 5.000 луѓе се евакуирани на северот на Филипините.