Дмитро Кулеба/Фото: Влада на Украина

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, соопшти дека во телефонскиот разговор со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахиан побарал Техеран да престане да доставува оружје за Русија.

– Побарав Иран веднаш да престане да испраќа оружје во Русија, која го користи за убивање цивили и уништување на виталната инфраструктура во Украина – напиша Кулеба на Твитер.

Според него, разговорот бил инициран од иранската страна.

Украина и западните земји го обвинуваат Иран дека и испорачал на Русија т.н. „камикаѕе-дронови“, што се користат напади врз критична украинска инфраструктура, додека Техеран ги отфрла обвинувањата.