Новиот британски премиер Риши Сунак одлучи да го задржи на функцијата Џејмс Клеверли – министер за надворешни работи и Бен Волас за одбрана, и покрај тоа што и двајцата го поддржаа враќањето на поранешниот лидер Борис Џонсон.
Нивното назначување, заедно со Џереми Хант за министер за финансии, сигнализираа континуитет на врвот по драматичните пресврти регистрирани во времето на претходничката на Сунак, Лиз Трас, јавија британските медиуми.