Нега и убавина
Шишки: Шишките се одличен начин да ги омекнете грубите контури на лицето и да го истакнете најдобриот дел од него. На вас останува само да ја изберете формата што најмногу ви одговара и која најлесно ќе ја обликувате според типот на вашата коса.
Долг паж: Оваа фризура совршено ќе го издолжи тркалезното лице и ќе го направи потенко. За да постигнете најдобар ефект, изберете должина што е десет сантиметри под брадата, по можност на нивото на клучната коска.
Кадрици: Изгледа дека локните никогаш не излегуваат од мода. Секогаш изгледаат добро, разиграно и свежо, без разлика дали е зимска или летна сезона. Додека брановите може да се постигнат со стајлер или со виткање, меките кадрици се одличен избор за кратка коса. Доколку, пак, имате долга коса, можностите за експериментирање се неограничени.
Степенесто: Доколку имате подолга коса, одлучете се за слоевита фризура. Ќе создаде илузија за пополна коса и послабо лице. Единственото нешто на што треба да обрнете внимание е да создадете волумен на краевите за вашето лице да изгледа складно и пропорционално.
Класичен паж: Ова е секогаш добар избор. Нежно го врамува лицето, правејќи да изгледате помладо. Покрај тоа, многу лесно се стилизира, па можете да ја носите на неколку начини – рамно исфенирана, со нежни бранови или дури и со локни.