Фото: Игор Бансколиев
По кибер нападите и објавувањето важни податоци од државниот систем, Обинителството во Тирана денеска побара од три земји, Кина, Велика Британија и Русија одземање на податоци и онлајн страници.
По серијата кибер напади со кои се соочи земјата во последните месеци, Обвинителството поднесе барање до Основниот суд на Тирана за правна помош од органите на прогонот на Велика Британија, Народна Република Кина и Руската Федерација.
Обвинителството наведува дека, како што е споменато во одлуките на Основниот суд Тирана бр.1864, 1865 и 1866 од 6 октомври 2022 година, овие страници од кои потекнуваат хакираните материјали се предмет на кривична истрага и секој податок што потекнува од овие сајтови кои функционираат на криминален начин е предмет на истрага и одземање.
 – Истрагите поврзани со овие случаи се сложени и се во тек, со што се гарантира дека обвинителството е максимално ангажирано. Ќе спроведе секое истражно дејствие со цел целосно расветлување на оваа криминална активност и натамошно спречување на ваква активност, која има за цел да и наштети на целата активност на државните органи на Република Албанија, на социјалниот мир и соживот – се наведува во соопштението на обвинителството.
Премиерот  Еди Рама по нападите изјави дека иранските хакерите од групата „Татковинска правда” делувале од три земји, не споменувајќи кои се тие.