На отворањето на клубот „Цар Борис Трети“ громогласно одекна пораката
Стотици граѓани на Охрид и Македонија вчера излегоа во центарот на градот да го изразат гласно и одлучно својот револт поради отворањето на бугарскиот клуб што го носи името на бугарскиот цар Борис Трети, колаборационист на нацистите, на Третиот рајх и Адолф Хитлер. Протестот, кој започна еден час пред официјалното отворање на бугарскиот клуб, мина главно во тензична атмосфера, која во ниеден момент не ги мина границите на дозволеното, и покрај видливиот револт и несогласување на насобраните демонстранти да никне еден ваков клуб во Охрид
Стотици граѓани на Охрид и Македонија вчера излегоа во центарот на градот да го изразат гласно и одлучно својот револт поради отворањето на бугарскиот клуб што го носи името на бугарскиот цар Борис Трети, колаборационист на нацистите, на Третиот рајх и Адолф Хитлер. Протестот, кој започна еден час пред официјалното отворање на бугарскиот клуб, мина главно во тензична атмосфера, која во ниеден момент не ги мина границите на дозволеното, и покрај видливиот револт и несогласување на насобраните демонстранти да никне еден ваков клуб во Охрид.
Знак равенство меѓу фашизам и антифашизам не може да постои
Со транспаренти на кои пишуваше „Со фашисти не се преговара“, „Ова е фашистички клуб. Цар Борис е фашист, а во една демократска земја за фашисти нема место“, „Фашизмот мора да падне, ова не е место за бугарскиот Хитлер“, „Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“ и слични, тие се собраа спроти клубот што е сместен во градскиот амам. Цело време граѓаните извикуваа пароли против организаторите на овој настан, а пееја и патриотски песни, како и химната на Република Македонија. Видливо беше зголеменото присуство на полицијата, која со кордон ги обезбеди граѓаните да не се доближат премногу до објектот каде што е сместен клубот.
Неопходна институционална реакција за забрана на фашистичката пропаганда
Бугарски здруженија, кои се оценуваат како провокација, се појавија во неколку македонски градови, а државата засега нема механизам да го спречи тоа. По промовирањето на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, што предизвика лавина реакции во јавноста и кулминира со подметнат пожар, се појави и новоформирано здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид, а се споменува можноста да никне и клуб „Цар Фердинанд“ во Богданци.
Паралелно со тоа, опозицијата најави дека ќе достави измени и дополнување на Законот за регистрација на здруженија на граѓани каде што ќе стои еден член дека се забранува основање или формирање здружение што според статутот или според името ќе има каква било врска со фашистичкиот режим или со Третиот рајх.