Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и водни услуги на Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 3 октомвери.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,807%, кај дизелот за 3,614%, кај екстра лесното масло за 4,615% и кај мазутот зголемување е за 1,978%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,231%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Од 6 октомври од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,5 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,228 (денари/килограм)