ЕУ се согласи да воведе ограничување на цената на нафтата во новиот план за санкции за Русија, но последните детали од оваа одлука, дизајнирана да влијае на приходите на Русија од продажбата на нафта, треба да бидат објавени денеска, пишува „Политико“.
Седум европски дипломати потврдија дека амбасадорите на ЕУ постигнале рамковен договор за нови санкции против Русија, вклучително и ограничување на цената на руската нафта, пишува Политико.
Нов пакет санкции против Москва, осми што ќе бидат воведени, беше предложен минатата недела од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, откако рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје во Украина, а потоа нареди мобилизација на стотици илјади резервисти.
Голем број земји од ЕУ изразија загриженост за новите мерки, особено за делот поврзан со воведувањето на плафонот за цената на нафтата, иако деталите допрва треба да бидат писмено артикулирани, според Политико.