Хакерските напади врз државни институции не престануваат, некои сервиси се враќаат, соопшти Владата на Црна Гора, додавајќи оти сè уште не може да се зборува за финансиските загуби.
– Ние не можеме да здивнеме. Оптимистично е тоа што успеавме да вратиме одредени сервиси, изјави Душан Половиќ од црногорското Министерство за јавна администрација.
Како што информираше Половиќ, официјалната страница на Владат повторно е достапна од петокот вечерта, а тој се надева дека оваа недела ќе биде достапен и порталот за јавни набавки.
Јавните набавки најмногу претрпеа поради хакерските напади. Државните тендери се стопирани, па со тоа е отежната и работата на дел институции.