Техно
Постојат неколку места на кои никогаш не треба да го чувате вашиот мобилен телефон.
Во џеб: Иако речиси сите го прават тоа, не е препорачливо да го носите мобилниот телефон во џеб, бидејќи неговиот екран е чувствителен на допир, па лесно можете да повикате број за итни случаи без да го сфатите тоа. Звучи неверојатно, додека не слушнете дека дури 30 отсто од итните повици се случајни. Може да биде и нездраво, затоа обично се препорачува растојание од 15 мм од телото.
До кожата: Бактериите од екранот се движат кон лицето, па може да бидат причина за појава на акни или некои други кожни болести. Покрај тоа, електромагнетното зрачење станува посилно.
На топли места: Високите температури се штетни за електрониката, па затоа не се препорачува да го оставите мобилниот телефон во автомобил, на плажа или каде било изложен на сонце или на кој било извор на топлина.
Под перница: Доколку добивате известувања навечер и екранот свети, тоа негативно влијае на производството на мелатонин, што доведува до проблеми со спиењето. Има и случаи на експлозии на телефони, па дури и пожари. Покривањето на мобилниот телефон со перница ги зголемува шансите за прегревање, особено при полнење.
На ладни места: Доколку надвор е ладно, а температурата паднала под нулата, треба да се грижите за вашиот телефон и да не го оставате долго време надвор или во автомобил. Температурната разлика е многу штетна за уредите, бидејќи при враќање на топло место се јавува кондензација, што може да доведе до дефект. Не би било лошо да го заштитите мобилниот телефон со маска.