По кусо боледување денеска почина Виктор Мизрахи, претседател на Еврејската заедница во Македонија во два мандата и поранешен почесен конзул на Израел.
Тој активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка.
Виктор Мизрахи е роден во 1950 година во Скопје во еврејско семејство кое загубило стотина членови по бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи во Втората светска војна.