Тајван сака да произведува „ демократски чипови“ заедно со САД, јави денеска претседателката Цаи Инг-вен при средбата со гувернерот на државата Аризона, Даг Дуси кој е во посета на оваа островска земја, јавија британски медиуми.
Тајванската компанија за производство на полупроводници – „ТСМК“, главен снабдувач на „Епл“, и најголемиот производител на чипови во светот, гради фабрика во Аризона во вредност од 12 милијарди долари.
– Планираме заедно да произведуваме „демократски чипови“, за да ги зачуваме интересите на нашите демократски партнери и да создадеме поголем просперитет – истакна Цаи на состанокот во Тајпеј.
Гувернерот на Аризона ѝ кажа на Цаи дека партнерството на САД со Тајван е најсилното во индустријата на полупроводниците.
Дуси, претставник на Републиканската партија, е нов американски претставник во посета на Тајван и покрај тоа што Кина инсистира да нема такви посети. Кина го гледа Тајван како дел од својата територија.