БУНДЕС-ЛИГА
Голманот на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер, на мечот против Баерн Минхен (1-1) забележа 19 одбрани, што е нов рекорд во Бундес-лигата.
Претходниот рекорд на одбранети удари беше поставен на почетокот од годинава, 14, од Александар Шволоу за Хамбургер, исто така против Баерн Минхен, иако неговиот тим загуби 1-4.
Баерн Минхен и Борусија се непоразени по четирите кола, со освоени 10, односно осум бода. Баварците имаат постигнато барем по еден гол на секој натпревар во Бундес-лигата од 9 февруари 2020 година и мечот со Лајпциг (0-0).
Л.Д.