Високата претставничка на ОН во Украина Дениз Браун истакна дека е шокирана од вчерашните воени напади во кои загинаа деца и други цивили во Чаплин во централна Украина и ги повика сите страни да го почитуваат меѓународното право.
– Навистина сум шокирана од нападите во кои вчера загинаа и се повредени цивили во близина на железничката станица во Чаплин. Деца беа убиени во овој напад и тие загинаа на места каде што очекуваа да бидат безбедни, во нивните домови или патувајќи со своите семејства. Да, требаше да бидат безбедни, а не беа – нагласи Браун.
Во име на Обединетите нации и хуманитарната заедница во Украина, таа упати најискрено сочувство до оние кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посака брзо закрепнување.