Фото: Твитер

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

По средбата Лајчак се огласи на својот Твитер профил и истакна дека имал тешка, но одговорна дискусија со претседателот Вучиќ.

– Имав тешка, но одговорна дискусија со претседателот Александар Вучиќ. Ги пренесов пораките и нагласив дека мора да се спроведат сите договори од дијалогот, вклучително и Договорот за слобода на движење од 2011 година. Ќе продолжиме со нашите разговори подоцна вечерва – рече Лајчак.