Техно

Погрешната употреба и неодржувањето на вашиот лаптоп може да предизвикаат прегревање, особено при екстремна топлина. Последиците од ова може да бидат влошување на неговото функционирање и скратување на неговото траење.
Чувајте го лаптопот на рамна и тврда површина: Се загрева помалку ако стои на масата отколку, на пример, на тепих, кревет или на бутовите. Тоа е затоа што неговите отвори не се блокирани кога стои на рамна и тврда површина.
Користете држач за лаптоп: Без разлика дали станува збор за држач со или без вентилатор, ќе му овозможите да „дише полесно“ и да го намали или да го елиминира ризикот од прегревање.

Не преоптоварувајте го со премногу активни програми: Дури и најдобрите лаптопи ќе работат лошо ако им дадете премногу задачи одеднаш. Кај постарите модели ова предизвикува прегревање, бидејќи послабите процесори и помалото количество РАМ-меморија не можат да се справат со големо количество процеси.
Променете ги поставките: Ако користите Виндоус, следете ги овие чекори: отворете го контролниот панел, кликнете на хардвер и звук и потоа на опциите за напојување. Во овој прозорец кликнете на промени ги поставките на планот и изберете ја опцијата балансирано.
Исклучете го лаптопот ако не планирате повеќе да го користите: Колку подолго е вклучен, толку повеќе ќе се загрева и ќе работи побавно.