Осомничениот за атентатот на Шинѕо Абе ѝ кажал на полицијата дека е незадоволен од поранешниот јапонски премиер и оти „нишанел за да убие“, пренесува „Њузвик“.
Станува збор за 41-годишниот Тацуја Јамагами од Нара, кој е уапсен на местото на атентатот. Локалните медиуми пренесоа дека осомничениот три години работел во јапонската морнарица, односно отприлика до 2005 година, повикувајќи се на јапонското Министерство за одбрана.
Според неофицијални информации, нападот е извршен со рачно изработен пиштол. Врз Абе беа истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.
Абе е јапонски премиер со најдолг стаж. Тој беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми. Абе беше наследен од неговиот партиски сојузник Јошиде Суга, а подоцна од Фумио Кишида.