Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен лидер на ГЕРБ денеска посака успех во финализирањето на францускиот предлог за решавање на спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија, јави БГНЕС.
Тој соопшти дека Извршната комисија на ГЕРБ го разгледала предлогот и повика на финализирање на договорот.
– На тема РСМ, навистина им посакувам успех на колегите во Софија да го финализираат договорот, за да можеме да кажеме дека француското претседателство направи многу и дека биде успешно, како што заслужува – рече Борисов.
Во меѓувреме, се огласи и француската амбасадорка во Софија Флоренс Робин, која исто така, побара брзо усвојување на договорот во Бугарија. Според амбасадорката Флоранс Робинс, последниот предлог е ист со документот кој претходно го усвои бугарскиот Парламент.
Бугарското Народно собрание на 24 јуни гласаше за предлог-решение кое има за цел да го реши спорот меѓу Софија и Скопје и да го отвори патот за европска интеграција на РСМ. Нацрт-одлуката се надоврзува на предлогот на француското претседателство и се надградува за да бидат максимално заштитени бугарските интереси, потенцира БГНЕС и потсетува дека вчера и бугарската Влада ја одобри оваа одлука на бугарскиот Парламент.