Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) од полноќ се намалува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе биде 106,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 105 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе чини 109 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 111,5, а мазутот М-1 НС за 53,305 ден/кг.