Судот во грчкиот град Ламиа денеска донесе одлука да биде ослободен полицаецот Епаминондас Корконеас, кој во декември 2008 година во центарот на Атина со службеното оружје смртно го застрела тогаш 15-годишниот Алексис Григоропоулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката била донесена со четири гласа за и три против барањето да се земе предвид ублажување на казната поради доброто поведение на осудениот во изминатите години.
Адвокатката на семејството на убиеното момче соопшти дека в петок ќе достават барање до Врховниот суд, не само за укинување на одлуката, туку и спроведување дисциплинска контрола на инволвираните и дали имало влијание врз судиите и поротниците.