На штотуку завршената манифестација од меѓународен карактер, „Охридски поетски бисер“, две претставнички на литературниот клуб „Китка“ од Кичево, го поделија третото место. Се работи за Лидија Аврамоска која беше наградена за песната „Илузија“ и Наташа Наумоска која беше наградена за творбата „Себепознание“. На оваа манифестација учествуваа покрај домашните творци и литерати од Србија, Црна Гора и БиХ.
Една од наградените Лидија Аврамоска беше презадоволна од освоеното трето место на Охридски поетски бисер, на кој беа примени над 160 творби на македонски автори од кои педесетина влегоа во конкуренција.
– Имаше многу убави песни кои секако заслужуваа да бидат наградени, но на мое големо задоволство комисијата одлучи мене да ми го додели третото место, кое го поделив со мојата колешка од литературниот клуб, Наташа Наумоска. Оваа манифестација има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонски јазик и поезија, не само во земјава, туку и низ светот. Со тоа и ние да станеме дел од промоторите на пишуваниот поетски,македонски литературен јазик – рече по добивањето на наградата, Лидија Аврамоска.
Годинешната литературна манифестација„ Охридски поетски бисер“ се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Охрид. З.А.