Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена се 1.972 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на ковид-19: Скопје – 53, Битола и Прилеп – по 5, Велес – 3, Куманово, Тетово и Струга – по 2, Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 124 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Битола – 7, Прилеп и Кавадарци – по 3, Куманово, Тетово, Струга, Штип, Струмица, Неготино и Дебар – по 2, Велес, Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 17 до 19 јуни 2022) не е пријавено ниту едно починато лице.
Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.